Почнува Арена спорт Македонија – позната е и коментаторската екипа (ВИДЕО)

Македонската спортска јавност од денеска добива нова телевизиска платформа, откако официјално започна со работа Арена Спорт Македонија, која ќе емитува спортска програма со македонски коментар.

Стартот не може да биде подобар и тоа со натпреварите од Светското првенство (СП), кое задутре почнува во САД, Мексико и Канада, кои ќе бидат пренесувани од македонска коментаторска екипа составена од десетина искусни имиња од телевизиското спортско новинарство.

Според најавите, тимот има богато искуство од досегашната работа на различни спортски ТВ-канали и ќе има задача да ја пренесе спортската атмосфера на што поавтентичен начин за македонската публика. Арена Спорт Македонија ќе емитува и други врвни натпреварувања, вклучувајќи фудбалски, кошаркарски и ракометни лиги, како и автомото спорт, со што спортската понуда во земјата значително се збогатува.