Постои цена за која Баерн Минхен може да го продаде Олисе!

Мајкл Олисе игра во фантастична форма и во моментов можеби е најдобриот фудбалер во светот, тој почна да се поврзува со Реал Мадрид, но Баварците не планираат лесно да се откажат од неговите услуги.

Сепак „Скај Германија“ тврди дека Баерн Минхен може да го продаде Олисе, но за тоа да се случи треба да добие понуда од над 200 милиони евра, односно рекордна сума.

Тоа практично значи дека Баерн Минхен нема намера да се раздели со својата ѕвезда освен ако не добие историска сума, и Мајкл Олисе да стане најскапиот фудбалер во историјата, надминувајќи го трансферот на Нејмар вреден 222 милиони евра.

Останува да се види дали Флорентино Перез е подготвен да оди до таа сума со понудата.

Олисе би бил идеално засилување за Реал Мадрид бидејќи игра на десната офанзивна страна која се уште не е прецизно дефинирана.