Сан Антонио победи во Њујорк и се врати во живот! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс вратија еден брејк откако со 115-111 го победија Њујорк на негов терен и намалија на 1-2 во финалната серија.

По двете гостински победи, Њујорк имаше прилика пред своите навивачи да поведе со 3-0 и да дојде на чекор до титулата, но Вембанјама и соиграчите не дозволија тоа да се случи.

Сан Антонио одлично го стартуваше мечот и ја доби првата четвртина со 33-22. Но во вториот период Њујорк почна да ја топи негативата и комплетно го сврте резултатот, на полувремето водеа со 64-57.

Неизвесноста продолжи во второто полувреме, во третиот период Спарси го вратија водството и успеаа да го држат до крајот иако Њујорк постојано беше блиску и се обидуваше да поведе. Конечниот резултат беше 115-111 за Сан Антонио.

Најдобар во составот на Сан Антонио беше Вембанјама со 32 поени, исто толку за Њујорк постигна Брансон.

И следниот меч од серијата се игра во Њујорк.