Над 700 деца учествуваа во „Денот на спортот“ што се одржа во Охрид, во рамки на Плазма Спортските игри за млади, кои уште еднаш се покажаа како успешна комбинација со езерскиот град.

Од градот под заштита на УНЕСКО беше испратена и еколошка порака преку „Zero Waste“ концептот: „Биди дел од играта – да ја заштитиме нашата планета“.

Станува збор за уникатен проект кој е резултат на долгогодишната соработка меѓу Плазма Спортските игри за млади и компанијата Coca-Cola, а чија цел е преку спорт и игра да се поттикне едукација кај младите и развивање на корисни навики во секојдневниот живот.

Во рамки на настанот, едукативниот квиз ги мотивираше децата да размислуваат логички и да нудат решенија за предизвиците поврзани со одржливиот развој, додека спортските активности беа насочени кон практично учење за правилна селекција на отпад на полигонот на СИМ.

Со оваа кампања, Coca-Cola има за цел да придонесе кон подобрување на состојбите во животната средина и да понуди конкретни решенија за предизвиците поврзани со амбалажата, во рамки на повеќегодишниот проект „Свет без отпад“.

По интерактивната едукација, децата и младите учесници се натпреваруваа на едукативен полигон, а за најуспешните беа обезбедени и награди.

Победници во третото издание на „Zero Waste“ се „Прличевци“, кои успешно ги совладаа предизвиците на полигонот, каде поддршка имаа и од маскотата Виктор.

„Симовци“ пак се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, меѓу кои Coca-Cola Cup 2011, фудбал 2015, ракомет, баскет 3x3, одбојка и народна игра, покажувајќи спортски дух и разновидни вештини.

Организаторите истакнуваат дека атмосферата била исполнета со фер-плеј, дружење и создавање нови пријателства, кои го ставиле натпреварувачкиот резултат во втор план.