Перез почнува војна: Реал Мадрид бара да ѝ се одземат титули на Барселона!
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез најави тужба против Барселона пред УЕФА, иако каталонскиот тим призна дека исплаќало суми за анализи и извештаи за судиите, како и подготвителни материјали за стручниот штаб.
Перез смета дека Барселона извршила измама и поради тоа подготвил 500 страници за тужба пред УЕФА и ќе бара сериозни казни за најголемиот ривал.
„Реал бара од УЕФА да ѝ ги одземе титулите на Барселона поради случајот Негреира. Исто така, постои барање да се исфрли екипата од европските натпреварувања. Досието со нерегуларности кое го подготвува Перез е веќе на пат“, објави новинарот Хозе Феликс Дијаз.
Да потсетиме, Барселона ги исплаќала парите во период од 2001 до 2018 година преку приватни компании.