Нов удар за Барселона: Заглави изградбата на „Камп Ноу“!
Шпанските медиуми пишуваат дека раководството предводено од претседателот Жоан Лапорта признало дека буџетот е надминат и ќе биде потребно дополнително финансирање.
На вонредното генерално собрание, кое е закажано за јули, ќе се побара дозвола за зголемување на кредитната линија и обезбедување на нови средства за продолжување на градежните активности.
Дел од обновениот стадион веќе е во употреба и капацитетот е зголемен на над 62.000 гледачи, но сè уште претстојат градежни работи. Во моментов се гради уште еден дел со околу 9.400 премиум седишта и оваа фаза се очекува да трае до летото 2027 година.