Гави со груб старт можеше да ја остави Шпанија без Родри (ВИДЕО)

Репрезентациите се подготвуваат за Светското првенство кое почнува за само три дена, а Шпанија поради невнимателноста на Гави можеше да се соочи со проблем.

Фудбалерот на Барселона на еден од тренинзите влезе во дуел со Родри и обидувајќи се да дојде до топката можеше сериозно да го повреди својот соиграч.

Родри за среќа на Шпанија и селекторот Де Ла Фуенте не заработи посериозна повреда и ќе биде на располагање за Светското првенство.