Бразил мораше да менува, Анчелоти повика нов фудбалер

Репрезентацијата на Бразил мораше да менува на помалку од една недела пред почетокот на Светското првенство, откако десниот бек Весли отпадна од составот поради повреда на бутниот мускул. Неговото место во тимот ќе го заземе играчот од средниот ред Едерсон.

Бразилската фудбалска федерација соопшти дека Весли заработил повреда за време на пријателскиот натпревар против Египет во Кливленд. Фудбалерот беше принуден предвреме да го напушти теренот, а дополнителните медицински прегледи покажале дека нема да може навреме да се опорави за настап на Мундијалот.

„Весли е фудбалер кого сите во репрезентацијата исклучително го ценат и тој секогаш ќе биде дел од оваа генерација која се бори за шестата светска титула“, се наведува во соопштението на федерацијата.

Дваесет и шестгодишниот Едерсон во најскоро време ќе ѝ се приклучи на бразилската селекција во САД како дел од конечниот список од 26 играчи. Бразил настапот во групната фаза ќе го отвори во сабота со натпревар против Мароко во Њу Џерси.

Фото: Confederação Brasileira de Futebol