Нема промени во „кралскиот клуб“: Флорентино Перез останува претседател на Реал!
Ветеранот на челната позиција убедливо го совлада својот противкандидат Енрике Рикелме, освојувајќи безмалку 66% проценти од гласовите, покажаа резултатите кои се уште не се официјални, но секако нема шанси драстично да бидат променети. Флорентино Перез е претседател на Реал вкупно 23 години бидејќи првиот мандат му беше од 2000 до 2006 година, но единствен пат преку избори дојде на функцијата во 2000 година бидејќи на следните избори немаше конкуренција.
Сега се очекува само имплементација на најавеното во текот на изборната кампања. Веројатно во вторник Жозе Мурињо ќе биде назначен за нов тренер на тимот, а потоа ќе биде објавени и засилувањата, пред се Думфрис и Конате кои се веќе договорени. Во вторник исто така се очекува понудата од 150 милиони евра за нивиот „галактико“ кој го најави Флорентино Перез.