Конечно, скршено проклетството: Зверев е Гренд слем шампион!
По четири часа и 19 минути жестока борба со италијанскиот тенисер Флабио Коболи, Зверев славеше со 3-2 (6-1, 4-6, 6-4, 6-7, 6-1) за титула на „Ролан Гарос и и влез во друштвото на најголемите во овој спорт. Претходно, тој загуби во финалето на истиот турнир во 2024 година, како и во натпреварите за трофејот на Австралија Опен во 2025 и УС Опен во 2020 година.
Малку недостасуваше да ја пропушти и денешната шанса бидејќи и покрај тоа што беше голем фаворит, неколку пати се „исклучи“ и му дозволи на противникот да се врати во игра и дури да ја загрози неговата победа. Секогаш кога се чинеше дека Коболи е на колена, Зверев наоѓаше начин да го врати во игра.
Во последниот сет, сепак, ги презеде работите во свои раце, направи два брејка на стартот и поведе со 4-0 по што мирно го приведе мечот кон крај, без да дозволи нова драматика.
Со оваа победа Зверев заработи 1.600 бода и се доближи на 2.600 зад второпласираниот на АТП листата, Карлос Алкараз. Коболи забележа прогрес од четири места и сега со десеттото место го има најдобриот пласман во кариерата.