Драма и хаос во Монако за нова победа на чудесниот Антонели - петта во низа! (ВИДЕО)

Во драматична и хаотична трка во Монако која траеше речиси два ипол часа, лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели стигна до уште една победа која за него беше петта во низа со што стана првиот тинејџер на кој му успеало такво нешто.

Tрката беше исполнета со казни, со по пет секунди беа санкционирани: Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Оскар Пјастри, Пјер Гасли, Франко Колапинто и Ленс Строл.

Голем прекин се случи на девет кругови пред крајот. Шарл Леклер веднаш откако се тргна возилото за безбедност се заби во ѕид, прекинот траеше и повеќе од половина час, а на крајот се продолжи со спринт во завршницата. Претходно на истото место каде што се удри Леклер во 61. круг отпадна Ленс Строл.

Пред него трката ја завршија уште Ферстапен, Берман и Ботас. По вториот старт Антонели ја одбрани првата позиција, а видовме и уште едно откажување, Карлос Саинц не стигна до целата и се повлече во 72. круг по контакт со Колапинто.

Хамилтон до последен момент го притискаше Антонели, меѓутоа младиот возач не дозволи да ја испушти позицијата. Како трет заврши Хаџар четври беше Пјастри  и петтти Лоусон.

Антонели исто така стана и првиот возач кој успеал од пол-позиција да победи во Монако