Шок во Данска: Ериксен повторно колабира среде натпревар! (ВИДЕО)
Откако пред пет години се онесвести на натпревар од Европското првенство, денеска му се случи нешто слично на пријателскиот меч против Украина во Одензе. Во 65. минута од натпреварот, тој само падна на тревата, без свест и мораше да му биде укажана лекарска помош.
По неколкуминутната интервенција, Ериксен беше со амбулантно возило изнесен од теренот, со громогласен аплауз од присутните на стадионот.
„Тешко е да се најдат зборови за да се опише што се случува. Сите играчи ги опкружуваат Ериксен и неговата сопруга на пат кон амбулантното возило, кое е подготвено да ги однесе од стадионот“, објави данската ТВ2.
За среќа, последните информации од Одензе велат дека Ериксен се чувствува добро и, што е најважно, е при свест. Главниот судија веднаш откако данскиот фудбалер беше изнесен од теренот, означи крај на натпреварот, при водство на домаќините со 2-1.