Женската одбојкарска селекција убедливо поразена и во вториот меч од Европската лига
По вчерашниот неуспех во дуелот со Унгарија, нашите одбојкарки денеска загубија и од домаќинот Португалија (мини турнирот се игра во Порто) со 0-3 (16-25, 16-25, 11-25). Противникот беше далеку поквалитетен и без поголеми напори стигна до својата прва победа во овој циклус откако пред два дена загуби од Унгарија.
Македонската женска репрезентација ги продолжува своите настапи в петок и сабота во Аликанте каде ќе се сретне со домаќинот Шпанија и со Азербејџан. Последните натпревари ги игра во Скопје на 19 и 21 јуни, против Хрватска и Словенија.