Гордон уште не дебитирал, а навивачите удрија по него: Ќе биде промашување на векот (ВИДЕО)
Натпреварот се играше во тешки временски услови на Флорида, со температури над 30 степени, а Гордон влезе во игра на почетокот на второто полувреме на местото на Маркус Рашфорд.
Иако Англија без поголеми проблеми ја заврши работата против послабиот противник и рутински победи 1-0, новиот играч на Барселона не успеа да остави добар впечаток. По натпреварот, снимките од неговата игра брзо се проширија на социјалните мрежи, а реакциите на навивачите беа остри.
„Дали е предоцна да бараме враќање на парите?“„Сѐ уште не можам да поверувам дека ова е играч на Барселона“ „Ужасен играч, пред 15–20 години не би бил ни блиску до У21 тимот на Барселона“ „Барселона со години ја поправаше финансиската состојба, а потоа трошат богатство на Гордон“..., гласеа само дел од коментарите.
Anthony Gordon vs the Ball
— Hater Central (@TheHateCentral) June 6, 2026
Roadrunner. 💎 pic.twitter.com/L4y71YNZHY