Нов брејк во финалето - Никс на половина пат кон титулата (ВИДЕО)
Никс го контролираа резултатот во поголемиот дел од натпреварот и ги имаа сите услови за нов триумф. Тимот од Њујорк успеа да го одржи водството благодарение на добриот напад и цврстата одбрана, а во неколку наврати дури имаше и двоцифрена предност.
Сепак, Спарс не се предадоа. Предводени од фантастичниот Виктор Вембанјама, тие успеаја да се вратат во игра и да се изборат за драматичен финиш. Како што натпреварот се приближуваше кон крајот, домашниот тим ја намалуваше негативата и го израмни резултатот на 104-104 во последната минута.
Потоа дојде одлучувачкиот момент. Сан Антонио имаше шанса да поведе или да го изведе последниот шут, но на 12 секунди до крајот, Вембанјама направи фатална грешка и ја загуби топката. Никс го искористија подарокот од своите ривали, постигнаа поен од пенал, а потоа Вембанјама го промаши победничкиот шут и Њујорк оствари уште една голема победа, 13. по ред во плејофот.
Најефикасен играч во победничкиот тим беше Карл Ентони Таунс со 21 поен, додека Џејлен Брансон и Микал Бриџис додадоа по 20. На другата страна, Виктор Вембанјама се истакна со 29 поени, додека Диерон Фокс постигна 20.
Њујорк така го постигна она за што дојде во Тексас, па дури и повеќе - два брејка и максимално водство во серијата. Сега финалето се сели во Медисон Сквер Гарден, каде што Никс ќе имаат можност да направат уште два чекор кон својата прва НБА титула по повеќе од половина век и тоа пред своите навивачи.