Воинот Славески победи со патики со македонски мотиви - Слобода или смрт! (ФОТО)

Македонскиот борец Гого Славески уште еднаш го сврте вниманието кон себе на меѓународната сцена, откако ноќеска дојде до нова победа во БКФЦ, најсилната светска организација за борби без ракавици.

Покрај триумфот во рингот, Славески привлече внимание и со уникатниот изглед, настапувајќи во специјално дизајнирани боксерски патики изработени од македонски бренд. Дизајнот ги комбинира симболите на македонската историја и традиција преку црвено-црното знаме со ножот, пораката „Слобода или смрт“, како и автентичен македонски народен вез.

Станува збор за рачно изработен модел инспириран од темата „Тивко е на ножот“, создаден во соработка со самиот Славески и реализиран во исклучително краток рок непосредно пред борбата. Овој необичен проект претставува успешен спој на спортот и дизајнот, при што македонската креативност доби можност да биде претставена пред глобалната публика која ги следи настаните во БКФЦ.