Хероината од „Ролан Гарос“ си обезбеди скок од 93 места, ако го освои трофејот ќе биде во топ-15
Нејзин најголем успех досега беше втората рунда на Вимблдон, а највисокиот пласман е 113. место на кое се најде пред точно еден месец. На “Ролан Гарос“ влезе од 114. позиција, но на најновата ранг листа што ќе биде објавена в понеделник ја очекува огромен скок.
Со пласманот во финалето, таа си обезбеди прогрес од 93 места и засега е на 21. позиција со 1.996 бода. Во случај да ја победи Андреева в недела, ден подоцна ќе се најде на 14. место што ќе биде скок од точно 100 позиции.