Брера го освои младинскиот Куп – еден од головите беше за „Пушкаш“ (ВИДЕО)
Средбата во регуларниот дел заврши со резултат 2-2, по што струмичани се покажаа како повешти во ударите од белата точка. Пенал серијата мина во знакот на двата голмани. Прво, Траjков успеа да одбрани два шута на фудбалерите на Шкупи, а потоа на сцена стапи Муслиу кој исто така имаше две интервенции. Во решавачката серија, прво Трајков го одбрани ударот на Хухија, а потоа Бојан Велков го совлада Муслиу за триумф на АП Брера во финалето. Медалите на финалистите и пехарот на победникот го врачи претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Финалето ќе остане запаметено и по погодокот на фудбалерот од победничкиот тим, Марио Митев, кој во 75. минута постигна спектакуларен гол од 30-тина метри со кој би можел да конкурира и за наградата „Пушкаш“ за најдобар гол на годината на европските терени.
