Експресно демантирана најавата за трансфер на Халанд во Реал: Забавно е, но не е точно
Флорентино Перез прво потврди дека Жозе Мурињо ќе биде нов тренер ако тој остане на функцијата, а веднаш потоа, во телевизиско интервју, неговиот противкандидат Енрике Рикелме ги изнесе своите адути: Родри и, како шлаг на тортата, Ерлинг Халанд. Дури во студиото се појави со дрес на Реал на чија задна страна беше испишани презимето на норвешкиот репрезентативец и бројот 9.
Не помина многу време, а стигна експресен демант од „кампот“ на Халанд, поточно од неговиот татко Алфи и менаџерката Рафаела Пимента и тоа како одговор на прашање на италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо.
„Сето ова е многу забавно, но не е вистина, Им посакуваме многу среќа на двајцата кандидати на изборите во Реал“, објавија тие.
Реагираше и Манчестер Сити кој најави можност за тужба поради нелегално користење на фудбалер на клубот во претседателски избори, без дозвола. Халанд има договор со Сити до 2034 година и малку е веројатно дека ќе го продаде во исто време со заминувањето на Пеп Гвардиола и во период кога иднината на клубот е неизвесна, со нов менаџер на клупата. Рикелме, сепак, не се откажа од своето ветување и во продолжение од интервјуто рече дека ако не ги оствари најавите за Родри и Халанд, идната сезона ќе ја плати членарината за сите социоси на Реал Мадрид.