Парадоксот на Интер: Ќе го изгуби Думфрис за 20, а за неговата замена ќе плати 45 милиони евра
Иако има договор до 2028 година, Реал ќе ја исплати откупната клаузула која изнесува 20 милиони евра и ќе добие големо засилување на десната бековска позиција. Од друга страна, Интер ќе загуби еден од клучните играчи кои оставија длабока трага во тимот последните три сезони.
Навивачите на миланскиот клуб се разочарани што таков фудбалер ќе си замине за само 20 милиони евра, но Интер во овој случај и нема голема вина за тоа. Претходниот договор на Думфрис истекуваше на крајот од сезоната 2024/25 и за да не го загуби без отштета, Интер мораше да ги прифати сите негови услови. Најважниот од нив беше да се стави ниска откупна клаузула, во случај некој гигант да се заинтересира за него. Новиот договор беше потпишан пред крајот на 2024 година, во периодот кога бекот беше во можеби најдобра форма. Оваа сезона често беше повреден поради што одигра само 20 натпревари, но јасно е дека ќе биде големо засилување за Реал.
Интер сега е во потрага по замена за Думфрис и последните информации говорат дека најверојатно ќе се засили со Марко Палестра од Каљари. Иако станува збор за перспективен играч, со само 21 година, неверојатно звучи податокот дека Интер за него ќе мора да плати 45 милиони евра, колку што бара клубот од Сардинија. Палестра имаше понуди од неколку европски гиганти, но преферира да остане во Серија А и првпат во кариерата ќе игра во Лигата на шампионите. Досега запиша и два настапа за италијанскаата репрезентација, но не доби шанса вчера против Луксембург,