Ги добивме победници од Кавадарци: „Симовците“ ја испишаа својата триумфална приказна!
На секој агол од терените владееше возбудлива атмосфера, исполнета со насмевки, фер-плеј и спортски дух. Од Кавадарци беше испратена силна и јасна порака – спортска Македонија има светла иднина. Младите „симовци“ се натпреваруваа во омилените дисциплини: Coca Cola Cup 2011, мал фудбал (2015 годиште), баскет 3х3, одбојка, традиционалната народна игра и секако атлетика, која секогаш буди посебна енергија кај најмладите.
Плазма Спортските игри за млади се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање на здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.
По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17–22 август), каде ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.
Плазма Спортските игри за млади беа свечено отворени во Скопје, а потоа се одржаа и во Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес и Кавадарци. Денеска главен спортски центар е Прилеп.
ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ – КАВАДАРЦИ
Coca Cola Cup 2011
Машки
1.Реал Мадрид (Неготино)
Женски:
1.Габер (Ваташа)
Мал фудбал 2015
Габер Ваташа (Ваташа)
Баскет 3х3
Машки
1. ТХТ (Кавадарци)
Жени
1.Тим (Неготино)
Одбојка
Машки
1.Гоце Делчев Волеј (Кавадарци)
Женски
1. Неготино Волеј (Неготино)
Народна 2015
Гоце Народна(Кавадарци)
Народна 2017
Мали Генијалци(Неготино)
Атлетика 2015 машки
1.Даниел Димитриев (Кавадарци)
2.Дамјан Митков (Кавадарци)
Атлетика 2015 женски
1.Серена Селимова (Ваташа)
2.Елена Павлова (Кавадарци)
Атлетика 2017 машки
Филип Стафилов (Кавадарци)
Бојан Ристов (Кавадарци)
Атлетика 2017 женски
1.Мартина Ристова (Кавадарци)
2.Антонија Камендолиева (Неготино)