Реал Мадрид му договори уште едно големо засилување на Мурињо!

Португалскиот тренер Жозе Мурињо се очекува да биде промовиран како нов тренер по изборите во Реал Мадрид, доколку победи Флорентино Перез, а шпанскиот гигант веќе му обезбеди ново засилување.

Откако во текот на денот беше објавено дека Ибрахима Конате ќе го облече „кралскиот дрес“ затоа што му завршува договорот со Ливерпул, вечерва новинарот Фабрицио Романо објави дека гигантот договорил уште едно засилување.

„Кралевите“ ги договориле личните услови со Дензел Думфрис и ќе ја исплатат клаузулата од 20 милиони евра на Интер.