Легенда на Ливерпул се бори со рак (ФОТО)

Една од најголемите легенди на Ливерпул, Сер Кени Далглиш соопшти дека се бори со рак и оди на третмани.

Легендарниот фудбалер ненамерно ја објави информацијата на социјалните мрежи за здравствената состојба, по што реши да објави соопштение.

„Како што мојот ненамерен пост најави, во моментов се лекувам од рак. За разлика од моето користење на телефон, лекувањето оди многу добро. Очигледно немав намера ова да стане јавно, па би бил благодарен доколку се почитува мојата приватност“, кажа Далглиш.