Урната статуа на Меси во Индија - претставувала опасност за граѓаните! (ВИДЕО)

Статуата на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, висока 21 метар, била отстранета од Калкута, Индија поради тоа што експертите утврдиле дека е опасна за граѓаните.

Споменикот беше поставен во декември минатата година и привлече големо внимание, но проблемите се појавија на крајот на мај кога локалните жители пријавиле дека статуата не е стабилна при силен ветар.

По инспекцискиот надзор било утврдено дека конструкцијата е сериозно нарушена и мора да се урне статуата.