Арсенал продава осум фудбалери за да купи две големи ѕвезди

Арсенал е подготвен да продаде дури осум играчи од својот сегашен состав за да ги избалансира сметките и да ги исполни своите две главни трансфер цели.

Според „Дејли Мирор“, големата желба на Микел Артета е клубот да ги потпише ѕвездата на Астон Вила, Морган Роџерс и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез. И двата трансфера ќе бараат многу пари, а ќе има и силна конкуренција. Манчестер Јунајтед е исто така заинтересиран за англискиот репрезентативец, додека Аргентинецот е голема цел на Барселона.

Играчите од кои Арсенал ќе се обиде да се раздели се Фабио Виеира, Рис Нелсон, Кристијан Норгор, Бен Вајт и Итан Нуанере, кои минатата сезона ја поминаа на позајмица во Марсеј. Габриел Жезус, Габриел Мартинели и Леандро Тросар имаат договори само уште една година, па ова лето е последна шанса за „топчиите“ да добијат подобар договор за нив. Трансферите на Алварез и Роџерс би изнесувале околу 200 милиони фунтии. 

„Мирор“ додава дека алтернатива на Хулијан Алварез е 19-годишниот талент на Борнмут, Илај Крупи.