Охрид повторно ќе биде центар на балканскиот триатлон - со рекорден број учесници!
На 13 и 14 јуни 2026 година, плажата Бафало ќе биде домаќин на Балканското првенство во триатлон, еден од најзначајните спортски настани во регионот, кој ќе донесе рекорден број натпреварувачи, силна меѓународна конкуренција и учесници од 12 држави.

Организацијата на овој врвен спортски настан е резултат на заедничка посветеност и поддршка од институциите, спортските организации и локалната заедница. Посебна благодарност упатуваме до Министерството за спорт и Општина Охрид чија поддршка претставува силна мотивација за спортистите, организаторите и сите љубители на спортот.

Балканското првенство ќе биде организирано под покровителство на Балканската триатлонска асоцијација (BTA) и ќе вклучува натпревари во Елитни категории, младински категории, возрасни групи, детски трки и тимски штафети.
Се очекува масовен старт во Елитна категоријата, динамични и неизвесни детски трки, очекуваме голема публика и атмосфера што повторно ќе го претвори Охрид во спортски центар на регионот.
Во 2019 година, Охрид беше домаќин на незаборавно издание исполнето со силна енергија, исполнети улици, врвна конкуренција и атмосфера што се чувствуваше во секој дел од градот. Оваа година, повторно пишуваме историја.

Покрај елитните натпреварувачи, организаторите ги повикуваат и рекреативците да станат дел од овој уникатен спортски спектакл.
Категории за натпреварување:
• Elite / Сениори – преку World Triathlon Entry System
• Тимска штафета – преку национални федерации
• Кадети, Деца 1, Деца 2 и Age group категории – отворени за сите учесници
Краен рок за пријавување 5 јуни.
Пријавување за отворените категории е достапно преку официјалната платформа за регистрација https://triatlon-federacija.trki.mk/mk/events/bta-balkansko-triatlon-prvenstvo
Охрид повторно ќе живее во ритамот на триатлонот. Ве покануваме да бидете дел од настанот што ги обединува спортот, младите, натпреварувачкиот дух и регионот.
Повеќе информации околу дистанците, мапите и сите правила и протоколи на страната на Триатлон Федерација на Македонија https://www.facebook.com/TriathlonMKD









