Крај на една ера: Се пензионира рекордерот по број на настапи во Премиер лигата

Легендарниот англиски фудбалер, Џејсм Милнер кој е рекордер по бројот на настапи во Премиер лигата објави дека по 24 години и на 40-годишна возраст ја завршува својата кариера.

Искусниот фудбалер за врска во кариерата за Лидс, Њукасл, Астон вила, Манчестер сити, Ливерпул и Брајтон одигра 658 натпревари и се наоѓа на врвот пред Герет Бери кој застана на 653, трет на листата е Рајан Гигс со 632. 

„По 24 години во Премиер лигата чувствувам дека дојде вистинскиот момент да ја завршам кариерата. Никогаш не можев ниту да сонувам дека ќе имам ваков пат. Секој клуб одигра важна улога во мојата кариера и во мојот живот. Фудбалот ми даде сè и секогаш ќе му бидам благодарен“,  објави Милнер.

За репрезентацијата на Англија одигра 61 натпревар и постигна еден гол.

Во клупската кариера двапати ја освои титулата во Премиер лигата со Манчестер сити, а еднаш се искачи на тронот и со Ливерпул. Со „црвените“ го освои и трофејот во Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019.

Фото: Brighton & Hove Albion/X