Oхрид ја закажа прославата за шампионскиот трофеј во ЕХФ купот!

Ракометарите на Охрид вчера го освоија трофејот во ЕХФ Европскиот куп, а со тоа и го задржаа во Македонија бидејќи минатата година победник на ова натпреварување беше Алкалоид.

По вчерашната прослава по натпреварот од Охрид денеска најавија и каде ќе биде главната прослава на големиот успех.

На прославата ќе присуствуваат и ракометарите на клубот, а истата ќе почне во 19:00 часот.

„Прославата започнува вечерва во 19ч. на градскиот плоштад, а во 20ч. ќе ги пречекаме шампионите на ЕХФ Европскиот Куп!“, информираа од Охрид.