Глигоров со двојна круна во Косово: Кастриоти шампион по пауза од 15 години
Тимот од Феризај денеска славеше на гостувањето кај Раховеци со 25-23 и со вкупни 3-1 во победи стигна до шампионскиот пехар, прв по пауза од 15 години. Кастриоти го детронизираше Раховеци, кој ја освојуваше титулата во изминатите две сезони.
Глигоров го предводеше клубот до двојната круна, бидејќи Кастриоти сезонава го освои и Купот на Косово.
За македонскиот стратег ова е вкупно петти трофеј во косовскиот ракомет. Во 2024 година со Кастриоти го освои Купот, а претходно стигна до трофеи и во првенството и во Купот додека беше на клупата на Беса.