Кварацкелија прогласен за играч на сезоната во Лигата на шампионите
Брилијантниот Грузиец во редовите на Пари Сен Жермен беше апсолутен архитект на европскиот успех на „светците“. Кварацкелија остави зад себе неверојатна сезона во елитното европско натпреварување.
На 16 одиграни натпревари, оствари фантастичен ефект од 10 гола и 6 асистенции, а седум од десетте гола постигна во нокаут фазата.
Кварацкелија пристигна во Париз од Наполи во зимата минатата година и оттогаш успеа да освои две титули во Франција, како и две во Лигата на шампионите.