Славјето почна - Охрид вечерва нема да спие (ГАЛЕРИЈА)

Градот покрај Езерото вечерва ќе слави до доцните вечерни, можеби и до раните утрински часови.

И ќе има што да слави бидејќи влезе во друштвото на освојувачи на европски трофеј, четврти во земјава, покрај Кометал Ѓорче Петров, Вардар и Алкалоид. Славјето веќе почна во „Билјанини извори“ и нема сомнение дека многу брзо ќе се прошири низ улиците во градот.

Бајката ќе продолжи идната сезона, само небото е лимит за клубот кој ги разгали срцата на сите љубители на ракометот во Македонија.