„Вардарците“ Парондо и Криштопанс слават европски трофеј, го урнаа Кил во финалето од ЕЛ!
Борбата за трофејот донесе максимална неизвесност од почетокот до самиот крај, ниту една од екипите не успеваше да направи поголема разлика од два гола.
Во првото полувреме почесто во водство беше Кил, меѓутоа на пауза Мелсунген водеше со 13-12.
Тоа водство како да беше најава за случувањата во вториот дел кога тимот на Парондо најчесто имаше предност од еден или два гола разлика.
Со таква игра се влезе во неизвесна завршница и победникот не беше познат до последните моменти. Мелсунген на помалку од три минути од крајот имаш нов напад за плус два, но не го реализираше, па Кил тоа го искористи и израмни на 23-23.
Тука Парондо повика тајм-аут, по кој Мелсунген погоди, а Симиќ во следниот напад одбрани седмерец на Дувњак за 15-та интервенција со што Мелсунген го запиша најголемиот успех во својата клупска историја.
Најефикасен кај Мелсунген беше Криштопанс со четири гола, додека Жербе на спротивната страна постигна пет.