Четири медали и еден национален рекорд за македонските атлетичари во Монако!
Најголемиот успех го забележа Андреас Трајковски, кој триумфираше во дисциплината скок во далечина, освојувајќи го првото место со резултат од 7.62 метри.
Уште еден одличен настап имаше Јован Стојоски, кој го освои третото место на 400 метри со пречки со време од 53.80 секунди. На победничкиот подиум се искачи и Огнен Стефановски, кој го освои третото место на 110 метри со пречки со нов личен рекорд од 14.68 секунди. Брајан Авија го освои третото место во скок во височина со прескокнати 2.00 метри, додавајќи уште еден медал.
Одличен настап забележа и Мелиса Димитриоски, која го освои седмото место на 100 метри и притоа постави нов личен рекорд од 12.31 секунди. Во дисциплината 400 метри, Михаил Петров го освои десеттото место со резултат од 49.36 секунди. Посебен белег на настапот на Македонија остави шведската штафета на 100-200-300-400 метри, која го освои четвртото место со нов национален рекорд од 1:55.08.