Eнрике не ги криеше емоциите: Ова што го направивме е чудесно
За Енрике ова е вкупно трет трофеј од Лигата на шампионите, едниот го освои со Барселона во 2015 година кога против Јувентус славеше со 3-1.
„Чувствата ми се измешани, но преовладува возбудата и заморот. Освоивме две титули по ред и тоа е неверојатно. Ова е најдобриот момент во сезоната. Заслуживме да ја освоиме титулата. Беше многу тешко. Му честитам на Арсенал, играа одлично. Се обидоа да играат како што знаат и на тој начин да ги контролираат случувањата, но ние на крајот победивме. Дали сум легенда? Тоа не ме интересира“, изјави Енрике.
Енрике со овој трофеј се израмни со Зидан и Гвардиола кои исто така имаат по три во најелитното европско натпреварување.