Челси му се сити на Арсенал - со еден пост го урнаа интернетот! (ФОТО)

Арсенал не успеа да ја освои Лигата на шампионите откако на пенали загуби од ПСЖ, а тоа значи дека Челси останува единствениот клуб од Лондон кој го освоил овој најголем трофеј.

Челси се израдува на поразот на Арсенал бидејќи тие остануваат единствениот лондонски тим со трофејот од Лигата на шампионите.

Веднаш откако заврши мечот, на официјалниот профил на Челси на мрежата „Х“ излезе трол пост за Арсенал.

Челси ги повика туристите во Лондон ако сакаат да видат трофеј од Лигата на шампионите да дојдат на Стемфорд Бриџ.