Ќе има дебата: Требаше ли Арсенал да изведе корнер? (ВИДЕО)

Во финишот од првото полувреме во Лигата на шампионите видовме една ситуација која сигурно ќе предизвика дебата, посебно ако Арсенал не успее да слави.

Главниот судија Даниел Зибер досуди удар од аголот за Арсенал, меѓутоа многу брзо потоа ги испрати фудбалерите во соблекувалната без да дозволи прекинот да се изведе.

Знаејќи колку Арсенал сезонава е опасен од корнери, навивачите овој корнер го дочекаа со голема еуфорија, меѓутоа многу брзо следуваше разочарување.