Дончиќ се вклучи во изборната кампања во Реал, јавно поддржа еден од кандидатите!

НБА ѕвездата Лука Дончиќ преку социјалните мрежи даде поддршка за еден од кандидатите за претседател на Реал Мадрид.

На 7 јуни се претседателските избори во Реал Мадрид, а во трката се актуелниот Флорентино Перез и предизвикувачот Енрике Рикелме.

Дончиќ кој беше ѕвезда на Реал Мадрид пред да замине во НБА и кој ја освои титулата во Евролигата со кралскиот клуб, го поддршка Флорентино Перез.

Перез беше претседател на Реал додека Дончиќ беше во клубот, па тие изградија одличен однос.

На својот Инстаграм профил, Дончиќ изрази полна поддршка за Перез.