Вардар се раздели со херојот од финалето во купот минатата година, замина и Ќосевски

Вардар по освојувањето на титулата во овој период работи на комплетирање на тимот за наредната сезона, а сега се потврдени две заминувања.

Клубот го напуштаат голманот Ведран Ќосевски и напаѓачот Михаил Талевски кој спогодбено постигнале договор за прекин на соработката.

Ќосевски во Вардар пристигна од редовите на Струга, а во кариерата бранеше уште за иранскиот Естегал, додека во Босна го носеше дресот на Велез од Мостар и Железничар.

Талевски исто така пристигна минатата година од редовите на Пелистер, а настапуваше уште за Работнички и Осијек каде што беше дел од вториот тим. Најдобриот натпревар во дресот на Вардар го одигра во финалето од минатогодишното издание на Купот на Македонија кога постигна два гола во триумфот на Струга од 2-0.