На Кошево немаше овации само за Босанците, громогласен аплауз и за еден - Македонец! (ВИДЕО)
Публиката која рано почна да го полни садионот, покрај своите фудбалери, бурно поздрави и еден македонски репрезентативец. Овации од трибините доби Агон Елези.
Причината е тоа што Елези игра за Сараево токму на стадионот на кој денеска се игра мечот. Тој оваа сезона се промовираше во еден од најважните фудбалери на босанскиот тим и очигледно стана миленик на навивачите.