Меси ќе добие големо засилување - доаѓа Касемиро
Искусниот играч од средниот ред ги договорил личните услови со актуелниот шампион на САД и се очекува претстојната недела официјално да стане член на Интер Мајами. Тој ќе биде големо засилување за екипата од Флорида и за Лионел Меси во обид да се одбрани титулата во МЛС.
Касемиро ќе се обврзе на тригодишна верност кон Интер Мајами и нема да биде изненадување ако оттаму замине во пензија бидејќи по неговиот истек би имал 37 години.