Барселона во налет: Додека се чека на Алварез, го потпишува Бернардо Силва

Раководството на Барселона одлучило целосно да го уништи Атлетико Мадрид ова лето и да го лиши од најмалку двајца фудбалери.

Првиот е Хулијан Алварез за кого се води вистинска војна, а вториот е Бернардо Силва. Португалецот е слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Сити и до пред една недела беше блиску до премин во Атлетико, а сега е прашање на време кога ќе потпише со Барселона. Претходно Ханси Флик се сомневаше дали ќе се вклопи во системот на неговиот тим, но откако добро ја анализирал работата, заклучил дека Силва би бил огромно засилување за Барселона.

Токму тоа што е слободен играч е најважната работа за Барселона бидејќи не треба да се плаќа отштета, а ќе се добие исклучително квалитетен фудбалер од средината на теренот каде Флик веќе има мајстори како Педри, Олмо, Де Јонг, Гави, Фермин Лопез, Бернал итн.