Од 2023 година немало Гренд слем победник што не се презива Синер или Алкараз
Тие двајца ги освоија последните девет Гренд слем турнири, почнувајќи од стартот на 2024 година што значи дека нивната серија ќе биде прекината на почетокот на јуни. Во овој период, Алкараз освои пет, а Синер четири трофеи на најголемите турнири, но Италијанецот и покрај фантастичната форма, се уште е без ваков пехар во 2026 година и својата шанса ќе треба да ја чека до Вимблдон.
Последниот што освои Гренд слем трофеј, а не се презива Синер или Алкараз е Новак Ѓоковиќ на УС Опен во 2023 година. Таа сезона Србинот освои дури три титули на овие турнири, но оттогаш почна неговата суша и во следните 2,5 години не успеа да освои ништо.