Распродажба на повидок: Вест хем мора да собере 170 милиони евра од трансфери

Вест хем се соочува со голема катастрофа доколку ова лето не продаде фудбалери во вредност од најмалку 170 милиони евра, откако испадна од Премиер лигата.

Ова е идеална шанса за неколку англиски гиганти, кои веќе „меркаа“ ѕвезди на „чеканите“, па летово би можеле да ги добијат на „попуст“.

Лондонскиот тим се соочува со опасност да загуби неколку фудбалери, меѓу кои се Калум Вилсон, Џерод Боуен, Адама Траоре, Матеус Фернандеш.

Фото: Facebook/West Ham United