Барселона сака да му земе еден од најдобрите фудбалери на Атлетико Мадрид
Барселона се подготвува да испрати официјална понуда до Атлетико за потписот на Алварез, а сака да ги почне преговорите пред почетокот на Мундијалот.
Цената на Алварез се проценува на 90 милиони евра според „Трансфермаркт“, но се очекува Атлетико да побара најмалку 150 милиони евра за неговиот потпис.
Аргентинецот оваа сезона настапи на 49 натпревари, а притоа постигна 20 голови и девет асистенции за Атлетико.
Фото: Facebook/Atlético de Madrid