Милан отворил преговори со тренер кој ќе води репрезентација на Мундијалот?
Наводно, Милан отворил преговори со Маурисио Покетино, актуелниот селектор на САД кој ќе ја води репрезентацијата на Мундијалот.
Според информациите на познатиот новинар Николо Шира, Покетино по Светското првенство ќе ја напушти клупата на американската репрезентација, а понудата од Милан веќе пристигнала.
Ако Покетино ја прифати, веднаш по завршувањето на Мундијалот би почнал со планирање на летниот преоден рок. Интересно е што во тој случај веројатно и Кристијан Пулишиќ би останал во тимот затоа што има одличен однос со Аргентинецот.
Ќе потсетиме, Пулишиќ иако е без гол од декември и имаше проблеми со повреди, сепак се најде во составот на Покетинот за Светското првенство.
Фото: АC Milan