Eден од најголемите македонски таленти пред преселба во гигант од регионот!

Еден од најголемите македонски таленти и член на Бутел, Димитар Узунчев според последните информации е пред голем трансфер во редовите на Целје.

Узунчев кој е под договор со Алкалоид сеознава како позајмен ракометар настапуваше за Бутел и со своите одлични настапи го привлекол вниманието на словенечкиот гигант, пренесува „handballia“.

Покрај настапите во Бутел, 20-годишниот Узунчев се истакна и во младинската репрезентација.

Негово најсилно оружје се одличните продори и силниот шут со кој им создава сериозни проблеми на противничките екипи. Нема дилеми дека преселба во редовите на екипа како Целје за него би бил голем чекор во кариерата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Handballia (@handballia)