Не помина многу време до првите проблеми – Нејмар не се појави на првиот тренинг на Бразил!
Фудбалскиот сојуз на Бразил ја потврди информацијата дека Нејмар не се појавил на првиот тренинг на репрезентацијата поради повреда на листот на десната нога. Напаѓачот бил во приватна клиника наместо на тренинг со соиграчите.
Анчелоти за натпреварот со Панама, кој е на програмата во недела, нема да може да смета и на тандемот од Арсенал кој игра во финалето на Лигата на шампионите, Магалаеш и Мартинели кои подоцна ќе се приклучат на селекцијата.
Нејмар претходно го привлече вниманието и откако со хеликоптер се појави на тренингот.