Трансфер-бомба на повидок: Ѕвезда од Премиер лигата на чекор до Барселона!

Барселона се наоѓа пред големо засилување, откако ги договори личните услови со Ентони Гордон од Њукасл.

Еден од најдобрите фудбалери на Њукасл му кажа „да“ на каталонскиот гигант, кој води преговори со премиерлигашот за реализирање на трансферот.

Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе бара околу 80 милиони евра за Гордон, а останува да видиме дали Барселона ќе го прифати барањето.

За услугите на Гордон беа заинтересирани неколку премиерлигаши, како и Баерн Минхен, па поради тоа Барселона реши да реагира брзо на трансфер-маркетот.

Фото: Facebook/Newcastle United