„БиХ и Турција ќе играат на Светско - мора сериозно да ги сфатиме дуелите“
Еден од фудбалерите кои го чекаат својот деби настап во репрезентацијата е Сефер Емини кој настапува во данскиот Сондерјиске.
„Сите сега одат на одмор, а ние сме тука со репрезентацијата и максимално ќе се подготвиме за овие два натпревари. Има многу нови играчи, јас сум еден од нив и сè уште немам деби. Ќе се подготвиме добро. И Босна и Турција ќе играат на Светско првенство, затоа мора многу сериозно да ги сфатиме двата натпревари. Тоа ќе ни биде добра подготовка за периодот што следува. Технички и тактички треба да бидеме дисциплинирани и физички на терен да го исполниме тоа што ќе го бара стручниот штаб. Верувам дека сè ќе биде во ред“, изјави Емини.
Македонија на 29. мај во Сараево игра против Босна и Херцеговина, а на 1. јуни во Истанбул ќе се сретне со Турција.