Истече рокот, Реал сега треба да плати многу повеќе пари за Мурињо

Жозе Мурињо е пред враќање на клупата на Реал Мадрид, но целата ситуација се искомплицира бидејќи „кралевите“ не ја комплетираа зделката во првиот рок од неговата клаузла во договорот со Бенфика.

Иако „Специјалниот“ е подготвен за сензационален втор мандат на клупата на кралскиот клуб, одложувањето довело до тоа неговата откупна клаузула во Бенфика да се зголеми повеќе од двојно.

Имено, рокот кој му овозможуваше на Реал да го доведе Мурињо за седум милиони евра истекува денеска и сега клаузлата на Португалецот ќе биде дури 15 милиони евра. Сега португалскиот клуб може да ја бараа целата сума или пак дури и да се обиде да го задржи, ако во Мадрид не се подготвени да ја платат.

Иако договорот бил постигнат за три години, сепак шпанските медиуми пишуваат дека одложувањето се случило поради претседателските избори во Реал Мадрид и борбата за власт го спречило официјалното потпишување на документите.

Фото: SL Benfica